Хорор на Бит Пазар: Среде ноќ фрлиле запалива течност пред гаражи од станбена зграда, по што избувнал пожар

Вчера во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 22.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, две лица фрлиле шишиња со запалива течност и предизвикале пожар на бетонска подлога пред гаражи од станбена зграда.

Повредени лица нема.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

26.07.2024 - 21:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега