Холивуд во шок: Познат актер обвинет за сексуален напад
По само 18 месеци од претходното обвинение американскиот глумец Кевин Спејси повторно се соочува со уште една тужба за сексуален напад.
Имено, во Велика Британија, денеска против него е поднесена граѓанска тужба пред Високиот суд во Лондон, нешто повеќе од 18 месеци откако беше ослободен од сите обвиненија во претходното кривично судење.
Според судските документи, предмет се води и против лондонскиот театар „Олд Вик“, каде што Спејси работи како уметнички директор од 2003 година, но подобности за тужбата не се достапни.
Обвинителската адвокатска канцеларија потврди дека тужбата е поднесена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа