Хил: Русија мора да престане да ја користи храната како оружје

 

 

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил за „Политика“ изјави дека Русија го уништува украинскиот извоз на храна на штета на луѓето ширум светот и оцени дека владата во Москва мора да престане да ја користи храната како оружје.

Хил рече дека Русија мора да престане со своите сурови акции и да дозволи испорака на жито и храна, бидејќи од нив зависи животот на милиони луѓе.

Американскиот амбасадор оцени дека Русија се повлече од Црноморскиот договор за извоз на храна во време кога светот се соочува со голема несигурност во храната и дека тоа не и било доволно , таа физички ги уништила и силосите за жито и другата инфраструктура на пристаништата во Украина од кои се извезува жито.

Хил рече дека Глобалниот извештај за кризата со храна за 2023 година наведува дека 258 милиони луѓе се погодени од акутна криза во снабдувањето со храна.

04.08.2023 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега