Хелсиншки: Државата го прекршува правото на слобода на движење – промената на документите се коси со човековите права

До 12 февруари граѓаните треба да ги заменат личните документи поради промена на името на државата Република Северна Македонија. Околу еден милион граѓани нема да може да го уживаат своето уставно и основно човеково право на слободно движење, поради неможноста да го сторат истото – велат од Хелсиншкиот комитет.

Едните се заробени во сопствената држава, а другите нема да можат да се вратат.  Ваквата неорганизираност влијае на илјадници наши сограѓани и доведува до елементарно прекршување на правата на граѓаните кои од различни причини имаат потреба да излезат од границите на државата. Постапките за вадење на лични документи во овој момент се долги, хаотични и освен повреда на достоинството предизвикуваат реална штета од материјална и од нематеријална природа“ – сметаат од Хелсиншки.

Поради тоа Хелсиншкиот комитет смета дека институциите на државата се однесуваат крајно понижувачки кон своите граѓани и тоа не само заради целиот хаос околу вадењето на документите, туку и во однос на прекршувањето на уставните права на граѓаните.  Власта ќе оневозможи дел од граѓаните да ја напуштаат и да се враќаат во државата со што очигледно ќе го прекршат нивното уставно право на слобода на движење (Член 27 став 2 Устав на РСМ), бидејќи државата реално не може да се повика на ниту една од уставно дозволените основи за ограничување на ова право. (Член 27 став 3 Устав на РСМ – заштита на безбедноста, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето) Воедно, слободата на движење се гарантира и со сите меѓународни документи и акти за човековите права.

Хелсиншкиот комитет за човекови права остро реагира на кршењето на основните човекови права и бара надлежните институции во најбрз можен рок да изнајдат соодветни решенија и да ја амортизиираат штетата што им ја предизвикуваат на граѓаните.

Бараме Министерство за внатрешни работи веднаш за ја реорганизира свјата работа и да обезбеди услови за вадење на биометриски патни исправи, лични карти во разумен рок“ – апелираат од Хелсиншкиот комитет.

08.02.2024 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега