Хаос во Тетово: Заглавени возила и блокирани патишта, поплавени се и куќи

Од Регионалниот ЦУК Тетово информираат дека денеска (26.06.2024 година) во 20.30 часот, по обилните врнежи од засилен дожд во форма на невреме, од Кризниот штаб на Општина Тетово се добиени податоци за блокиран локален пат за селото Вејце на Шар Планина, како и патот кај тетовската касарна што е преполн со вода и има едно заглавено возило, исто така има запушени канализации во горниот дел од градот и во Голема Речица, а големо количество вода има навлезено во приватни куќи, во дворови и подруми.

Општинскиот кризен штаб е активен и се чека интервенција на кризните места, а од ЦУК, исто така, се запознаени во Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Канализација од Тетово коишто информираа дека дека ќе испратат луѓе на интервенција. Состојбата се следи.

26.06.2024 - 21:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега