Хамас го објави условот за ослободување на затворените Израелци, ја објави првата снимка од заложниците

 


Хамас го објави првото видео од заложниците што ги зеде. На снимката се гледа млада жена за која Хамас тврди дека е заложничка во Газа, јавуваат израелските медиуми.

Лицето е идентификувано како 21-годишна девојка која беше киднапирана од музичкиот фестивал „Супернова“ на 7 октомври.

„Ве молам извлечете ме одовде што е можно поскоро“, вели девојката во видеото.

Хамас ги објави и условите за ослободување на повеќе од стотина заложници што ги зедоа. Бара ослободување на 6.000 мажи и жени затворени во израелските затвори. Калед Мешал, шеф на канцеларијата за дијаспора на Хамас, го поднесе ова барање.

Меѓу заробениците на групата, рече тој, се и високи офицери на израелските одбранбени сили (ИДФ).

17.10.2023 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега