Хамас ги објави деталите за договорот со Израел
Хамас излезе со соопштение за договорот со Израел.
„По неколкудневни преговори, објавуваме, со помош и водство на Семоќниот Алах, постигнување договор за хуманитарно примирје (привремен прекин на огнот) во траење од четири дена. Овој резултат е потврда за упорните и за пофални напори на Катар и Египет“, се вели во него.
Во соопштението за медиумите се набројани следните услови од договорот:
- прекин на огнот ширум Газа;
- Зголемен влез на камиони со хуманитарна и медицинска помош и гориво во сите делови на Појасот Газа;
- Ослободување на 50 заложници, израелски жени и деца помлади од 19 години, во замена за ослободување на 150 палестински жени и деца во израелските затвори;
- Нема израелски воздушен сообраќај во јужниот дел на Газа четири дена;
- Израелците немаат воздушен сообраќај во северниот дел на Газа шест часа дневно, од 10 до 16 часот;
- Слобода на движење за цивилите, особено по патот Салах ал Дин.
„Условите на овој договор беа формулирани со визија да му служиме на нашиот народ и да ја зајакнеме неговата непоколебливост пред агресијата, секогаш имајќи ги на ум жртвите, страдањата и грижите“, рече Хамас, а пренесува Скај њуз.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа