Хакери украле податоци од корисниците на Вибер
Хандала Хак, пропалестинска хакерска група позната по своите напади врз израелски цели и сојузници на Израел тврди дека го хакирала Вибер и бара враќање на парите.
Групата е активна од лансирањето на нивниот канал Телеграм во декември 2023 година.
Хакерите на нивниот канал Телеграм објавија дека украле повеќе од 740 GB податоци, вклучувајќи го и изворниот код на Viber.
За да ги откупи украдените информации, хакерската група бара откуп од осум биткоини, што е околу 583.000 долари.
Вибер одговори на тврдењата на хакерот, а компанијата ги отфрла наводите за упад во системот и компромитирање на податоците, но истакнува дека е покрената истрага за да се провери дали безбедноста на корисниците е загрозена.
„По истрагата, не најдовме докази за поддршка на какви било тврдења за упад во нашите системи или за загрозување на податоците на корисниците. Безбедноста на податоците на корисниците е наш главен приоритет“, велат од компанијата.
На корисниците на Viber им се препорачува да бидат претпазливи и да ја следат ситуацијата додека Viber не објави официјално соопштение и целосно не ги отфрли ризиците на кои би можеле да бидат изложени податоците на корисниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа