Грузија ѝ одржа лекција на Македонија

Во првото полувреме мрежите мируваа на двете страни, но потоа Грузија ги искористи опасните напади и стигна до убедлива победа.

Најпрво погоди Зивзивадзе во 52. минута, по што до крајот на средбата во листата на стрелци се запишаа и Кварацкелија и Китеишвили.

Грузија е прва во групата со девет бодови по три одиграни средби, по што следи Македонија со четири бода.

09.06.2022 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега