Груби со порака до Османи: Го поддржуваме надминувањето на спорот со Србија преку признавање на Косово

 

Со високи државни почести во Собранието и во Владата, ја пречекавме денес претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, напиша на Фејсбук првиот вицепремиер Артан Груби.

„Во решавачките моменти за европската иднина на нашите земји, повеќе од важно е зајакнувањето на соработката и консолидирањето на нашите дејствија на патот кон реализација на реформите.

Го изразивме нашиот став и поддршка за успешно надминување на спорот помеѓу Косово и Србија преку дијалог и принципот на меѓусебно признавање, исто како што и Република Косово го поддржува нашиот процес на дијалог со Република Бугарија и усвојувањето на уставните измени. Заедно мора да го забрзаме чекорот кон Европа!“ напиша Груби.Го изразивме нашиот став и поддршка за успешно надминување на спорот помеѓу Косово и Србија преку дијалог и принципот на меѓусебно признавање, исто како што и Република Косово го поддржува нашиот процес на дијалог со Република Бугарија и усвојувањето на уставните измени. Заедно мора да го забрзаме чекорот кон Европа!“ напиша Груби.

26.04.2023 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега