Груби: Подготвени сме за соработка со СДСМ, но само ако Насер Зибери е премиер
Подготвени сме за соработка со СДСМ, но само ако Насер Зибери е премиер, рече Артан Груби од ДУИ на гостување во „Само интервју“ на Канал 5.
-Остануваме на ставот дека логично е да коалицираме со СДСМ. Тие имаат 46, ние 13 пратенички мандати, така да има мнозинство да се избере влада и стабилно владеење, затоа што ДУИ е стабилен партнер. ДУИ не е авантуристичка партија што ги менува партнерите на секои 3 дена, изјави Груби.
Тој посочи дека освоиле македонски гласови, како што Зоран Заев и Христијан Мицкоски добивале албански гласови.
-Ние ѝ се обративме на македонската етничка заедница, тие знаат дека државата е најсигурна во рацете на Ахмети и ДУИ. Покажавме дека сме најконструктивна партија од 2002 година до денес и сме чувари на евро-атлантскиот пат. Кога сите дигнаа раце од преговорите со Грција, ДУИ одржуваше врски со Атина, Ахмети трипати ја посети Атина, рече Груби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа