Груби: Брат ми зеде хипотекарен кредит на 20 години, тој нема врска со мене и моето семејство

 

Првиот вицепремиер на земјава, Артан Груби, во гостувањето на „Само Интервју“ на Канал 5, а во врска со обвинувањата на опозицијата, изјави дека деловниот простор не е купен од страна на фирмата на неговиот брат, туку е купен со хипотекарен кредит, земен од физичко лице, кој ќе се отплаќа 20 години.

За тоа како тој успеал да добие толку голем кредит, вели дека неговата компанија функционирала 20 години во Скопје и нема никаква допирна точка со него и неговото семејство.

– Јас немам ништо заедничко со таа компанија или со бизнисот на брат ми кој е 20 години во туризмот, истакна тој.

На прашањето како е можно простор во центарот на Скопје да чини 100.000 евра, тој вели дека толку е хипотекарниот кредит, за кој си има своја гаранција.

23.02.2023 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега