Грчките земјоделци се бесни од мерките на Мицотакис - протестите продолжуваат

 

Решени да продолжат и да ги интензивираат блокадите и протестите, грчките земјоделци, кои според државната телевизија ЕРТ не се задоволни од мерките за поддршка, што денеска ги соопшти премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Пред објектот на Меѓународниот саем во центарот на Солун каде што се одржува саемот Агротика од вчера се паркирани над 300 трактори, а претставниците на земјоделците за ЕРТ рекле дека владините мерки во главно се однесуваат на земјоделците од областа Тесалија.

Паралелно, најавиле дека ќе одржат состанок за да одлучат кои ќе бидат нивните следни чекори.

Со идентичен став се и земјоделците од централна Грција, кои попладнево, симболично затворија дел од автопатот меѓу градовите Трикала и Лариса.

За утре напладне закажан е голем протест во Солун на земјоделците и од централна и од северна Грција.

Грчкиот премиер од Парламентот денеска соопшти дополнителни мерки за поддршка на земјоделците, како што е враќање на специјалниот данок на потрошувачка на нафта и во 2024 година, како попуст од десет отсто на струјата за земјоделско производство.

02.02.2024 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега