Грчевски: Од Шпанија треба уште да учиме

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го признава заслужениот пораз од Шпанија, но рече и дека не е разочаран од она што го покажаа неговите избранички.

– Задоволен сум од играта во поголемиот дел од мечот и покрај резултатот. Игравме без притисок, Шпанија е силна, тоа е репрезентација од која можеме само да научиме, и да ја кренеме нашата ира на едно повисоко ниво. Одигравме колку што можевме во овој момент.Во вториот дел паднавме, на физички план заостануваме многу зад најдборите, затоа и подготвивме план за постојана, континуирана работа на дневно ниво за сите ракометарки. Мораме да се подобруваме на тој план, истакна по мечот Грчевски.

29.02.2024 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега