Грчец два дена во мрак поради неконтролирана кражба на електрична енергија
Жителите на Грчец живеат два дена без струја.
Дел од нив кои излегоа на протест пред подружницата на ЕВН во Ѓорче Петров,се пожалија дека и во претходните денови имале прекини во електричната енергија, но веќе два двена немаат вопшто.
Велат дека ЕВН ги казнува и оние кои плаќаат електрична енергија, поради неплаќачите.
Од, ЕВН објаснуваат дека во селото вчера околу 8 часот наутро настанал дефект кој е последица на кражбите на електрична енергија од страна на мештаните, односно неовластено и неконтролирано користење. Нивните екипи често се соочуваат со вербални и физички напади поради што во целост се нарушува работењето.
„Невозможно е да се санираат дефекти се додека на вработените на терен им е спречен пристапот до самите енергетски објекти и немаат нормални услови за работа“, велат од ЕВН.
Од тука додаваат дека трафостаниците се преоптоваруваат и оштетуваат, како и останатата енергетска опрема, а како резултат се појавуваат сериозни дефекти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа