Град Скопје почна со изградба на новопроектираната улица 1 во Карпош

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со екипи од Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта“, денеска изврши увид во почетокот на градежните работи на изградбата на новопроектираната улица 1 во населеното место Криви Дол во општина Карпош.

„Денеска почнуваме со изградба на една од двете новопроектирани улици во ова населено место, улицата 1. Потребата за изградбата на овие улици произлезе поради изградбата на новиот кружен тек помеѓу булеварот 8 Септември и улицата Скупи, како и изградбата на новата клучка кај Момин Поток. Со нивната изградба ќе се овозможи промена на постојниот сообраќаен режим за обезбедување сигурност за учесниците во сообраќајот. Со оневозможување движење со моторни возила по пешачката и вело-патеката и диво приклучување на улицата Скупи и на булеварот Никола Карев, ќе се превенира загрозување на пешаците и велосипедистите и ќе се овозможи нивно безбедно движење. Со изградбата на новата улица на жителите на Криви Дол ќе се обезбеди сигурен и безбеден пристап на жителите до своите домови“, истакна Арсовска.

Изградбата на новопроектираната улица број 1 се реализира преку меѓуопштинска соработка, а градежните работи ќе ги реализира јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје.

18.12.2023 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега