Град Скопје ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за „Дрисла“

 

Ја разбираме нервозата на раководството на ВМРО-ДПМНЕ поради губењето на контрола врз градските јавни претпријатија, и губењето на можноста преку свои директори од парите на скопјани да се вработува без контрола и да се обидуваат да прават бизниси, велат од Град Скопје во демант на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-ЈП „Дрисла” за само девет месеци раководство на директорот на Мицкоски, е оставено со долг од 100 милиони демари, а во истиот период во претпријатието ангажирале без срам нови 30 лица без никакви критериуми. Ако од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да зборуваат за грабеж во претпријатието, тогаш, резултатите од ревизијата на работењето на нивниот директор ќе бидат јавно достапни и со можност за соодветна пријава. Истовремено бараме од ВМРО-ДПМНЕ во рок од 48 часа да се извинат за изнесената лага, во спротивно кажаното ќе мора да го докажат пред надлежниот суд, се вели во демантот..

09.10.2022 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега