ГПЦ: Ние сме целосно против легализацијата на истополовите бракови

 

Синодот на Грчката православна црква денеска повеќе од пет часа расправаше како грчката црква ќе реагира на новиот закон со кој ќе се признаат граѓанските бракови на истополовите двојки.

Членовите на Синодот, како што пренесуваат грчките медиуми, одлучиле да не дадат благослов за истополовите бракови и можноста таквите парови да одгледуваат деца. Се вели дека соопштението ќе биде прочитано пред верниците во црквите следниот викенд, а соопштение ќе биде испратено и до грчката влада.

„Секое уништување на моралот ја уништува вредноста на човекот“, изјави денеска митрополитот Месогаски Никола при своето излагање пред Светиот синод во врска со предлогот за закон за истополови бракови и нивните деца.

Треба да се напомене дека тричлената комисија формирана за подготовка на текстот со кој се објавуваат основните начела на Црквата во врска со истополовите бракови ја сочинуваат митрополитите на Нафпактос, Фтиотида и Комотини.

 

23.01.2024 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега