Гостиварчанец дал 1600 евра да добие возачка без да полага
56-годишен гостиварчанец во полицијата пријавил дека бил измамен кога во два наврата дал 1.600 евра за да добие возачка дозвола, без притоа да го полага возачкиот испит.
Тој рекол дека се договорил со лице да му ја обезбеди дозволата, но тоа не се случило, па останал и без пари и без возачка.
Се расчистува и документира случајот.
13.03.2024 - 14:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа