„Голтна кнедла“: Александра Пријовиќ се огласи за тоа што Северина остана без старателство над синот

 

Александра Пријовиќ проговори за Северина и нејзината борба за старателство над синот.

Пријовиќ до сега не се огласи на оваа тема, а сега јавно ја поддржа хрватската поп ѕвезда.

Додека новинарката го поставуваше прашањето, Александра „голтна кнедла“, а изразот на лицето и беше тажен.

-Можам да кажам само едно… Тоа е дека јас како мајка мислам дека детето секогаш треба да биде до својата мајка, истакна Александра Пријовиќ, пишува Телеграф.рс.

Да потсетиме, Врховниот суд на Хрватска му додели старателство на Александар Поповиќ на неговиот татко Милан, додека неговата мајка Северина Вучковиќ ќе го гледа двапати неделно.

15.02.2024 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа