Голем дел од општина Сарај остана без вода поради дефект

 

Поради уличен дефект на цевка со пречник од 200 милиметри на улицата „20/бб“ во населбата Сарај, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата, како и селата Грчец, Глумово, Шишево и Матка.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот.

Истото ќе трае до завршувањето на санацијата на дефектот.

30.08.2022 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега