Го оштетил буџетот за 2.600 евра - скопјанец затајувал данок
Поднесена е кривична пријава против 48-годишен скопјанец за даночно затајување, информираат од Миистерството за внатреши работи.
Како што соопштија од МВР, пријавениот, во текот на 2017 година, на своја денарска сметка во банка во 34 наврати уплатил 1.624.342 денари остварени како друг приход.
– За тој износ тој не поднел годишна даночна пријава и на тој начин одбегнал да плати данок на доход од 10 отсто или 162.434 денари, сума за која го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија, посочуваат од МВР.
20.12.2021 - 16:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа