Го фатиле како краде во обложувалница, лишен е од слобода
Во спортска обложувалница во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето С.Н.(32) од с.Ново Село, општина Желино.
Тој бил фатен при обид да изврши „тешка кражба“ во обложувалницата и кај него бил пронајден и одземен предметот со кој ја отворил вратата.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
17.01.2024 - 12:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа