Ѓоковиќ: Нема да можам да играм, не можам ни да влезам во земјата

 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека нема да може да игра во Индијан Велс.

Поточно, не доколку останат во сила постојните прописи.

„Како што стојат работите во моментов – не. Не можам да влезам во САД. Но ќе видиме што ќе се случи. Работите може да се променат во следните неколку недели“, изјави Ѓоковиќ по натпреварот од првото коло во Дубаи со Лоренцо Мусети.

Српскиот тенисер по еден час и 13 минути игра славеше против италијанецот со 6:3, 6:3. Следен ривал ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Хачанов и Де Минор.

Ѓоковиќ не е на теренот од 3 декември и Дејвис купот, а од добро познати причини не настапи на Австралија Опен.

Индијан Велс е на програмата од 7 до 20 март.

22.02.2022 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега