Ги истепал жената и малолетното дете: Приведен турски државјанин во Тетово

 

Вчера, околу 16.20 часот, на улицата Киро Ристевски-Дрнц од слобода бил лишен 34-годишниот И. Е. од Република Турција со привремен престој во Тетово.

Тој половина час пред тоа бил пријавен од 38-годишната сопруга дека претходниот ден физички ги нападнал неа и нивното малолетно дете.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

 

 

12.10.2023 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега