Германските министерства и институции веќе нема да имаат страници на социјалните мрежи

Германските владини организации се очекува да ги затворат своите сметки на Фејсбук до крајот на годинава откако комесарот за заштита на податоците утврди дека социјалната мрежа не ја сменила својата практика во согласност со германските и европските закони за приватност.

 

Во писмо до владините институции и агенции во овој месец, комесарот Улрих Келбер наведе дека Фејсбук не обезбедил гаранции дека ќе ги заштити податоците во согласност со регулативите на ЕУ.

 

Келбер додаде дека апликациите Клабхаус, ТикТок и Инстаграм се чини дека имаат слични недостатоци, па затоа се препорачува државните институции да престанат да ги користат се додека не заврши комплетниот извештај за ова прашање.

Официјалната страница на Фејсбук на германската влада има над милион следбеници, а комесарот за заштита на податоците нагласи дека е невозможно да се води „фан-страница” на Фејсбук без личните податоци на следбениците да бидат пренесени во САД

29.06.2021 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега