Германскиот канцелар Олаф Шолц одби ПЦР тестирање во Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во Москва на разговори со рускиот претседател за деескалација на тензиите на руско-украинската граница, но одби да направи ПЦР тест пред средбата.

Наместо рускиот тест, Шолц одлучил лекар од германската амбасада да направи ПЦР тест, што е предуслов за влез во Кремљ на средба со рускиот претседател Владимир Путин, велат извори од германската делегација.

Францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела исто така одби да се подложи на руски ПЦР тест пред средбата со Путин.

Разговорите меѓу Макрон и Путин затоа се одржаа на маса долга шест метри со цел да се одржи драстична физичка дистанца. На прес-конференцијата по средбата, Путин и Макрон застанаа неколку метри подалеку.

Шолц е последниот во низата западни шефови на држави и влади вклучени во силна дипломатска офанзива за спречување војна, а мисијата е чувствителна бидејќи Германија е најголемиот трговски партнер на Русија во Европа.

Се очекува средбата во Кремљ да трае неколку часа, а на крајот ќе се одржи и заедничка прес-конференција.

 
15.02.2022 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега