Германски железници на најдолгиот штрајк досега бараат повисоки плати за 650 евра

 

Преговорите за платите со Германските железници пропаднаа. Штрајкот почнува вечерва и треба да биде најдолгиот досега, пишува Дојче веле.

Германските железници не беа заинтересирани за компромис, рече преговарачот Кристијан Лорох.

Во исто време од ДБ велат дека се обиделе се да спречат штрајк. „Германски железници целосно ги исполнија барањата на синдикатот ЕВГ, без трикови и без ограничувања. Што друго треба да правиме како работодавци“, праша Мартин Зајлер, член на одборот на директори на ДБ задолжен за човечки ресурси.

Пред 3 дена, синдикатот објави дека вработените во ДБ, како и во речиси сите конкурентски железнички компании, ќе штрајкуваат низ целата земја.

ЕВГ застапува околу 230.000 вработени во педесетина железнички и автобуски компании и инсистира на 12 отсто повисоки плати и најмалку 650 евра месечно.

Ова ќе биде трет предупредувачки штрајк на синдикатот поради несогласувањето околу тарифните договори и треба да биде најдолгиот досега: 50 часа, од 22 часот во недела на 14 мај до полноќ во вторник на 15 мај.

14.05.2023 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега