Германски полковник: Би било наивно да се верува дека војната во Украина ќе заврши оваа година

 

 

Претседателот на Здружението на професионални војници на Германија, полковник Андре Вистнер, изјави дека би било наивно да се верува дека војната во Украина ќе заврши оваа година и оцени дека без помошта на Америка, Киев одамна ќе ја загубил војната.

Вистнер за „Билд“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин засега нема да отстапи од своите воени цели и ќе продолжи да се обидува да ја дестабилизира Европа.

Вистнер смета дека Путин го подготвува руското население за долгорочен системски конфликт со Западот и дека затоа НАТО и Германија мора стратешки да се усогласат за една деценија на закана.

„Мораме да продолжиме да ја поддржуваме Украина и во исто време побрзо да го опремиме самиот Бундесвер. Ова е единствениот начин да се обезбеди веродостојно одвраќање заедно со НАТО“, рече тој.

Вистнер истакна дека поради воената помош на Германија за Украина, материјалната оперативна готовност на германската артилерија продолжува да опаѓа, бидејќи залихите на оружје споро се надополнуваат.

Од речиси 300 тенкови Леопард во Бундесверот, само 30 отсто се моментално во функција, рече Вистнер, истакнувајќи дека е потребно стратешко планирање координирано на европско ниво за да се врати воената индустрија во масовно производство.

Според него, пресврт во производството ќе биде можен само ако воената индустрија во рана фаза биде информирана за тоа колку борбени тенкови, муниција и оружје ќе му бидат потребни на Бундесверот во следните две до пет години, пренесува Танјуг.

26.02.2023 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега