Германија: Уапсени тројца екстремисти поради заговор за наводно соборување на германската Влада
Германската полиција уапсила три осомничени лица, екстремисти поврзани со заговорот за движењето Рајхсбургер, за соборување на германската Влада.
Обвинетите се осомничени за учествување во терористичка организација, соопштува германското Федерално обвинителство.
Во декември, полицијата приведе уште речиси 25 лица, помеѓу кои и самопрогласен принц, поранешен судија ипензиониран падобранец, кои беа осомничени за договор за насилно соборување на владата.
Инаку, властите додадоа дека обвинетите три лица, кои беа уапсени вчера, биле различно поврзани со осомничените за наводниот обид за државен удар.
Безбедносните агенции на Германија спречиле неколку заговори во последниве години од групи поврзани со движењетоРајхсбургер, обвинети за планирање напади врз владини претставници, и на националниот парламент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа