Германија развива наследник на „Леопард 2“ со уште три земји
Германија потпиша договори со Италија, Шпанија и Шведска за развој на наследникот на тенкот Леопард 2, објави денеска германскиот деловен весник Ханделсблат.
Иницијативата ќе се одржи под водство на Краус-Мафеј Цегман и Рајнметал, германските производители на оружје што го произведуваат Леопард 2, објави Ханделсблат, повикувајќи се на неименувани извори.
Весникот наведува дека партнерите во рамките на договорот планираат да аплицираат до Европскиот одбранбен фонд за обезбедување финансирање во износ од трицифрен број милиони евра, додавајќи дека во проектот ќе бидат вклучени и шведската компанија Сааб и италијанскиот Леонардо, но се уште не е објавено која шпанска компанија ќе учествува.
Доколку навистина се постигне, договорот сигурно ќе ја вознемири Франција, која во 2017 година се согласи со Берлин да развие заеднички француско-германски тенк кој ќе го наследи германскиот Леопард 2 и францускиот Леклер, во проект кој е зафатен со одложувања и несогласувања, пренесува Ројтерс.
Ханделсблат рече дека новиот договор за тенк ќе биде назадување за француско-германската одбранбена соработка, иако е можно двата проекти да продолжат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа