Германија: Откажани летовите, во застој и возовите

 

Во Германија денеска во штрајк стапуваат машиновозачите, работниците на обезбедување на аеродромите и аеродромскиот персонал на авиокомпанијата Луфтханза.

Машиновозачите стапија во штрајк во два часот по полноќ и прекинот на работа ќе трае 35 часа, поради што германскиот железнички оператор „Дојче бан“ значително ќе ги ограничи своите услуги.

Синдикатот на машиновозачите бара намалување на работното време од 38 на 35 часа неделно, а „Дојче бан“ го обвинува Синдикатот дека одбива компромисно решение.

Аеродромите во Франкфурт, најфреквентниот воздушен центар во Германија и Хамбург ги откажаа појдовните летови поради штрајк на работниците за безбедност на аеродромот.

Покрај тоа, персоналот на Луфтханза денеска и утре ќе штрајкува за повисоки плати. Синдикатот Верди, кој претставува околу 25.000 копнени вработени во Луфтханза, бара зголемување на платите за 12,5 отсто или најмалку 500 евра месечно, како и бонус во износ од 3. 000 евра поради високата инфлација во земјата.

 

07.03.2024 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега