Герасимовски: „Ленинова“ по реконструкцијата е модерна, урбана и зелена улица

 

Улицата „Ленинова“ го доби финалниот лик, модерно уредена со многу зеленило, велосипедски патеки и паркинзи за станарите. Општина Центар по неколку месечната реконструкција денеска и официјално ја промовира една од главните сообраќајници во општината. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека „Ленинова“ по реконструкцијата доби европски лик.

„Во изминатиот период на „Ленинова“ се работеше на поставување на атмосферска, водоводната и фекалната канализација, подземно се спушти кабловската мрежа и се отстранија старите дрвени бандери со што се ослободија тротоарите. На улицата се поставени паркинзи за велосипеди, се обележаа велосипедски патеки од двете страни на улицата, се оформија и паркинзи за резидентните станари. Улицата Ленинова“ е една од главните артерии во Општина Центар и мило ми е што по оваа реконструкција граѓаните кои живеат овде но и посетителите ќе имаат убаво уредена и современа улица. Со поставувањето на завршниот слој асфалт, новите канделабри и урбаната опрема улица „Ленинова“ го доби и финалниот лик налик европските улици“, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Покрај новата урбана опрема на улицата исто така се оформи и зеленилото со закројување на крошните од дрвјата кои го попречуваа видикот и ги оштетуваа фасадите на станбените згради.

Со инфраструктурните зафати на улицата „Ленинова“ Општина Центар им излегува во пресрет на граѓаните, кои со години бараа нејзина реконструкција.

31.08.2023 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега