Газдите на книжари се жалат на владината одлука: Во септември правиме пари за цела година

 

Сопствениците на книжарници се жалат на последната одлука на Владата за ограничување на маржата која ја ставаат на производите кои се водат како училишен прибор.

„Во пазарна економија никој не може да ограничи со каква маржа ќе работиме, посебно не приватниот сектор. Стоката е набавена порано од воведувањето на мерката, плаќаме кирија, вработени, придонеси, даноци и секој си ја знае математиката“, истакна сопственик на книжарница.

Тој вели дека на почетокот на септември обртот и заработувачката се значајно поголеми, но пак за месеците во текот на распустите ги покриваат загубите токму од она што ќе го печалат во овој период. Имаат и конкуренција- се продаваат тетратки, блокови, прибори, боици во маркети за широка потрошувачка.    

Владата вчера донесе одлука со која ги ограничи маржите на 5% за трговија на големо и 10% за трговија на мало.

 

04.09.2024 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега