Фрлена експлозивна направа во ресторан во Подгорица

 

 

 

Во ресторанот „Салвадор“ во Подгорица синоќа била фрлена експлозивна направа и во експлозијата нема повредени, но причинета е материјална штета на овој ресторан и уште три други лоцирани во близина.

Од полицијата велат дека експлозијата се случила околу два часа по полноќ.

„Истрага е извршена и за инцидентот е известен обвинителот. Се преземаат натамошни мерки и дејствија за расчистување на сите факти и откривање на сторителите“, соопштија од полицијата.

Ресторанот „Салвадор“ е во делот на градот каде се наоѓаат седиштата на одредени меѓународни организации, компании, банки, министерства и Радио телевизија Црна Гора.

 
23.11.2022 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега