Фрчат откази, Германците збеснуваат - 200 работници во позната фирма се заменуваат со вештачка интелигенција

Најголемата германска издавачка куќа Axel Springer, која меѓу другото го издава таблоидот Bild, најави масовни отпуштања и делумна замена на отпуштените вработени со вештачка интелигенција, објавија во средата германските медиуми.

„Ќе мораме да се збогуваме со колегите кои досега ги извршуваа функциите што ги извршуваа процесите на вештачка интелигенција во дигиталниот свет“, стои во интерниот мејл што менаџментот им го испратил на вработените.

Многу работни места поврзани со лекторирање или визуелен дизајн на страници може да се елиминираат во редакцијата.

Како што јави германската новинска агенција (Dpa), засега се очекува да бидат отпуштени повеќе од 200 вработени. Раководството на Аксел Спрингер објави дека целта е „социјална грижа“ за работниците кои би останале без работа.

Откажувањата и зголемената употреба на вештачката интелигенција се поврзани со стратегијата за целосно свртување кон дигиталното издание на дневните весници како Bild или Die Welt и укинување на печатените изданија. Од мерките за штедење беа погодени и подрачните канцеларии на оваа издавачка куќа.

Билд е сè уште најтиражниот германски дневен весник со околу 1,1 милион отпечатени примероци. Но, во последните години, тиражот е во постојан пад. Билд во 2013 година продаде двојно повеќе печатени примероци од денес.

На крајот на 2021 година, Билд го отпушти и главниот уредник Џулијан Рајхелт поради обвинувања за злоупотреба на моќта и сексуално вознемирување на колешките, а правната битка со поранешниот уредник сè уште трае.

22.06.2023 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега