(ФОТО+ВИДЕО) Шаќири: Се дискутира дали да се забрани „Тик-ток“ во целата земја

 

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири во вечерашното гостување во Централниот дневник на СИТЕЛ ТВ, изјави тема на дискусија е и целосна забрана на социјалната мрежа „Тик-ток“ во нашата земја.

„Мислам дека и во нашата земја, дел од дискусиите е тоа, што треба целосна забрана или ограничена употреба на тие социјални мрежи. Мислам дека за таа дебата, и вечерва ќе кажам е потребна целосна анализа“, изјави министерот Шаќири.

„Секоја нова препорака може да се донесе за брзо да има влијание во образовниот процес, но исто така, можеме да имаме препораки, кои ќе важат од новата учебна година“, додаде Шаќири. 

Инаку, повеќе земји, меѓу кои и САД, водат дебати за тоа дали треба целосно да се укине социјалната мрежа Тик-ток. 

09.05.2023 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега