(ФОТО) Зајкова од Конгресот на АЛДЕ во Стокхолм: „Посилна и поинклузивна ЕУ ја вклучува и Северна Македонија“

„Единство за перспективна и прогресивна Европа" е пораката на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) каде на конгресот во Стокхолм присуствуваше и делегација на ЛДП предводена од претседателката на Либерално-демократска партија, Моника Зајкова.

-ЛДП како дел од семејството на АЛДЕ, стои цврсто во убедувањето дека посилна, поинклузивна Европска унија ја вклучува и Македонија. Да ги обединиме нашите либерално-демократски вредности и да работиме кон нашата заедничка визија за просперитетна, демократска Европска унија која поддржува различности и успешно се бори со популизмот и недемократските режими, вели Зајкова.

Таа додаде дека во изминатите два дена на средбите и дискусиите со претставниците на либералното семејство се истакнала потребата за енергична Европа која ги поддржува демократските вредности и поддржува политики за економски раст и развој и праведност.

-Моќта на жените во обликувањето на нашата иднина е клучот за демократијата. Ова е единствена можност либералите обединети  да соработуваат по однос на обликувањето на иднината на Европа.

Зајкова за време на конгресот се сретна со поранешниот премиер на Белгија и европратеник Гај Верхофстадт, со Вера Јоурова, потпретседателката на Европската комисија, поддршка на европските перспективи на земјава доаѓаат и од Маргрете Вестагер, извршната потпретседателка на Европската комисија, како и со Олга Стефанишина, вицепремиерка на Украина задолжена за европска и евроатланска интеграција и со Ромина Пурмохтари, министерката за клима и животна средина на Шведска со која се разговараше за важноста на Зелениот договор.

На конгресот на АЛДЕ една од темите беа и приоритети за претстојните европски избори, иднината на либерал-демократите, резолуциите за Западен Балкан и Европската Унија.

Владеењето на правото, борбата против корупција, влијанието на климатските промени, безбедноста на државите, заштита на човековите права, како и проширувањето на ЕУ се меѓу најважните точки на агендата на АЛДЕ. Ова беа приоритети и на Шведското пријателство кое завршува на 30 јуни.

Конгресот на партијата АЛДЕ ја опфаќа нашата визија: Европа сме сите заедно, Европската унија треба да се прошири со нашите земји час поскоро.  Европа обновена, обединета со заеднички либерално-демократски вредности. Обединети, Храбри и гласни е пораката која од Скопје до Европа ја испрaти Зајкова.

28.05.2023 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега