ФОТО: Тревникот го сменија - столчињата ќе си ги чистиме сами
Мечот со Англија вчера навистина беше фудбалски празник за Македонија. И ФФМ велат дека се потрудиле заедно со надлежните за одржување на стадионот, тој да блесне за мечот со еден од веројатно најатрактивните тимови во Европа.
За волја на вистината, теренот изгледаше добро. На око, како за некој кој често оди на стадионите низ Македонија, веројатно врвот што може да се направи во моментов во земјава.
Оние кои играат можат повеќе да кажат за тоа како изгледал теренот, а ние што гледавме, би сакале да кажеме дека трибините, барем на северната страна на стадионот изгледаа очајно.
Оваа фотографија која ја гледате беше објавена на социјалните мрежи утрово, а вашиот репортер сведочеше дека речи си целата северна трибина имаше столчиња кои беа покриени со 2 прста прашина. Да, на столчињата на стадионите секогаш има прашина, но ова беше повеќе од тоа.
Па господа од ФФМ или кој е и да е надлежен за стадионот, кога ќе го менувате тревникот и кога 2 месеци багери ќе вртат по него, треба да знаете дека таа прашина што ќе се крене ќе заврши на столчињата на кои ќе седнат луѓето кои уредно си платиле карта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа