ФОТО: Стигнаа нови пасоши - заменик министерот ги чекаше на граница
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, синоќа, на Граничниот премин Богородица, ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши. Со тоа, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тој го демонстрираше концептот „МВР за Граѓаните” на дело.
Претходно, Бојмацалиев информираше дека покрај оваа пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што се комплетира најавената бројка од 225.000 обрасци .
-Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600, информираше Бојмацалиев.
Во оваа прилика, се додава, Бојмацалиев упати апел до сите граѓани навремено да ги поднесат барањата за промена на своите пасоши, а вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи.
-МВР продолжува со одржување на континуитетот на подготвеност да одговори на зголемената побарувачка и да ги задоволиме потребите на нашите граѓани во процесот на промена на личните документи, стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа