(ФОТО) Сестрата на Коста пукала од пиштол на специјалец: Татко и ја обучувал и нејзе како да ракува со оружје
И сестрата на Коста Кецмановиќ заедно со него и татко ѝ, Владимир, го посетувала стрелиштето, пренесува српскиот медиум „Република.рс“.
Порталот повикувајќи се на извори од стрелиштето, објави фотографии на кои се гледа девојчето (сестрата на Коста кој го изврши масакрот во соседна Србија) со пиштол во рака. Според нивните информации Владимит Кецмановиќ и неа, како и синот кој го изврши масакрот во Белград, ја обучувал како да ракува со огнено оружје.
Пиштолот со кој пука сестрата на Коста е италијанска Берета М9, полуавтоматски пиштол со краток одврат што го користат вооружените сили на Соединетите држави. Американската војска го користела овој пиштол во инвазијата на Панама, војната во Персискиот Залив, Граѓанската војна во Сомалија, војната во Авганистан и војната во Ирак.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа