ФОТО: Се запали јавно комунално претпријатие

 

Помошните простории на јавното комунално претпријатие „Дервен“ во Велес, вчеравечер, се запалиле. Територијалната противпожарна единица Велес дојава добила во 19:22 часот, пренесе регионалниот веб-портал Дума.мк. На лице место пожарникарите интервенирале со две против пожарни возила и шест пожарникари.

-По пристигнувањето на лице место пожарот е затекнат  во развиена фаза, за што беше потребна интервенција на дополнителна една противпожарна цистерна  и еден пожарникар. Со брза интервенција пожарот за кратко време беше ставен под контрола и целосно ликвидиран, изјавил командиротр на ТТПЕ Велес, Диме Јованов за порталот.

Велешкото јавно комунално претпријатие испрати соопштение за јавност поврзано со пожарот, што се случи вчера вечер и во којшто целосно е изгорен магацински простор на локација до Расадник, под управната зграда. Во соопштението пишува:

„Ве известуваме дека на ден 17.10.2023 година околу 19:00 часот, настанат е пожар од непознати причини во објект – Магацински простор на Сектор „Паркови и зеленило“ во сопственост на ЈКП „Дервен“.

Во пожарот е настаната голема материјална штета на материјали и средства за работа на секторот.

Настанот беше пријавен во противпожарната станица во 19:15 часот од каде веднаш е постапено и пожарот беше изгаснат во рок од неколку часа, како и во СВР Велес од каде е извршен увид на лице место,“ соопштија од ЈКП Дервен.

На лице место може да се види дека пожарот го зафатил и канцеларискиот простор на секторот Расадник.

18.10.2023 - 18:02
Фото: 
Дума.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега