(ФОТО) Пендаровски на средба со претставници од „Ел Хилал“: „Им помагаме на сите кои се сиромашни“
Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска се сретна со претставници од „Ел Хилал“. На средбата, како што информираат од неговиот кабинет се разговарало за хуманата мисија на оваа организација кон македонските граѓани кои се во тешка финансиска состојба. На истата, било заклучено е дека сите граѓани и правни лица, мора заедно да дејствуваат, кога е во прашање хуманоста.
„Со претставниците на Organizata Humanitare El Hilal разговаравме за активностите и за нивната мисија, која како што посочија, е постојано да бидат блиску до најранливите, до граѓаните кои се во потешка финансиска состојба. Потенцираа дека им помагаат на сите, без разлика на верската или национална припадност на луѓето. Велат, кога е во прашање хуманоста, мора заедно да дејствуваат.
„Ел Хилал“ преку досегашната, три децениска работа придонесува во борбата против сиромаштијата и обезбедува социјална кохезија во нашето мултикултурно и мултирелигиско општество“, напиша Пендаровски на ФБ.
22.02.2024 - 18:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа