ФОТО: Ново вештачко езеро во Велес после силното невреме

 

Ново „вештачко езеро“ во центарот на градот Велес по силното невреме и дождот што го зафати градот и околината пред околу еден час. 

Од фотографиите може да се забележи дека автомобилите буквално се движат низ големи количини на вода. Со ова, отежнат е сообраќајот во централниот дел на градот. 

Преходно и Управа за хидрометеоролошки работи информираше дека силно невреме ги зафати Велес и околината. Предупредуви дека е можна појава на град.

„14:15 Невреме со пороен дожд, интензивни електрични празнења, силен ветер и можна појава на град во подрачјето на Велес“, информираа од УХМР.

 

Сега, ситуацијата е стабилна. Нема грмотевици, само слаб локален дожд. 

25.05.2023 - 15:27
Фото: 
ФБ tirekovmirece

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега