(ФОТО) Министерот Спасовски заминува за Словенија
Утре, (04.04.2023), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од Министерството за внатрешни работи во работна посета на Република Словенија. Спасовски во Порторож ќе учествува на 11. Неформален состанок на министри за внатрешни работи во рамки на Брдо Процесот, а на маргините на конференцијата ќе оствари билатерален состанок со словенечкиот колега, Боштјан Покљукар, по што ќе следи и интервју за словенечкиот дневен весник „Вечер".
Во попладневните часови, министерот Спасовски ќе ја посети Македонската православна црква „Богојавление Водици” во Копер, каде што ќе се сретне со македонската дијаспора.
Истиот ден, во Љубљана, министерот Спасовски на покана на Меѓународниот институт ИФИМЕС, ќе учествува на тркалезна маса на тема „Како Западен Балкан да биде подобар и попросперитетен – сигурносен аспект”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа