(ФОТО) Маж си ја исчисти кофата и четката за варосување во Охридско Езеро

 

На социјалните мрежи кружат фотографии, на кои може да се примети дека човек си ја исчистил кофата и четката за варосување директно во Охридското Езеро.
 „Си ја исчисти кофата и четката за кречење во Охридско Езеро и кога го прашав дали воопшто е свесен што прави, си ја наведна главата и си влезе во Хотел Бисер, каде што најверојатно кречат/реновираат.
Не знам ни зашто постувам кога знам дека џабе е веќе се…само не знам од каде е она дека стално некој друг ни е крив“, стои во коментарот на Александар Донев кој ги објави овие фотографии на неговиот Фејсбук профил.

Оваа постапка на човекот, го доби вниманието на јавноста и повеќемина ја осудија неговата постапка.

Со коментар се јави и инфлуенсерката Миа Костова, која на нејзиниот ФБ профил напиша: „Не ве можам! Не постои езеро ко Охридско, душа ме боли кога ве гледам како се однесувате со него. Следно треба да се распаѓате ко од киселина кога ќе влезете да се бањате, малце ви беа осипите на деца пред две три години! Јас да сум со сликиве како надлежен, ќе му испратам уплатница од 1500 евра по брза постапка, па да вади ливчиња од езеро следно кога ќе види дека паднале“.

07.04.2023 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега