ФОТО: Дара Бубамара „вградила“ 7.500 евра во градите и задникот
Српската пејачка Дара Бубамара ги подигнала своите и онака огромни гради, а потоа ги зголемила за една големина. Така, пејачката наместо седумка, гордо ја шета бројката осум, а сигурно може да се пофали со една од најголемите бисти на сцената. За оваа процедура на пластичен хирург му платила 4.000 евра, а штом се опоравила од зафатот, на својот Инстаграм ги покажала новите гради, кога облекла црн топ со долги ракави кој бил отворен во пределот на градите, и од кој се чини како во секој момент ќе ѝ испаднат џиновските гради.
Но, Дара не застанала тука, па го ремонтирала и задникот од кој неодамна не беше задоволна. Таа се обидела да го реши овој проблем со специјални филери, поради што некогаш на мрежите ја нарекувале со имиња.
Со оглед на тоа што сега е целосно задоволна од својот изглед, таа неодамна во јавноста почна да се појавува во речиси проѕирни хеланки, како што беше случајот неодамна на белградскиот аеродром, кога не носеше ниту долна облека. Таа потоа им позира на фотографите, а во еден момент го сврте задникот кон нив, за да се види дека повеќе нема потреба да носи влошки бидејќи грбот и се спуштил. Бубамара не штедела пари за ова задоволство, па за оваа постапка платила 3.500 евра.
Инаку, медиумите пред неколку години пишуваа дека Дара била една од првите на сцената која го средила својот задник во стилот на Џенифер Лопез, чии слики му ги донела на докторот. Тогаш се пишуваше дека хирурзите ѝ вбризгувале масно ткиво во задникот, кое ѝ го вшмукувале од стомакот и околу половината. Освен што ѝ го префрлиле салото на задниот дел, ѝ го подигнале задникот од што Дара била презадоволна. Но, годините почнаа да го прават своето, а задникот со текот на времето попушта, а тој проблем го реши со вметоци, што можеше да се забележи, за што многумина ѝ се смееја.
Како и да е, не е тајна дека Дара досега потрошила 45.000 евра на естетски интервенции и дека не жали ни цент, бидејќи не крие дека конечно е задоволна од својот изглед.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа