(ФОТО) Битиќи од Прилеп: Достојно да го одбележуваме денот 11. октомври

 

Денеска вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој ја предводеше владината делегација од Прилеп порача достојно да го одбележуваме 11. октомври - Денот на востанието на Македонија.

„Епопејата на 11 Октомври 1941 година започна со историската одлука на македонските граѓани да бидат дел од антифашистишкиот сојуз на прогресивните држави во Втората светска војна и со тоа да ја создаат државноста на нашата земја со победата над фашизмот како заедничка победа на прогресивните народи на Европа. Делото на востаниците од 11 Октомври 1941 година недвосмислено го посочи патот по кој треба да се движи нашата државност. Тоа е патот на напредните демократии, европскиот пат, патот на демократските вредности.

Засекогаш останува долгот за достојно сеќавање и одбележување на овој голем ден за сите нас, за Албанците, Македонците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други, секогаш да бидеме обединети во негувањето на нашето праведно општество“, порача Битиќи.

Нека е вековито сеќавањето на големиот ден – честит 11 Октомври, Ден на востанието, додаде тој.

11.10.2023 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега