ФОТО: Апсење во Побожје: Приведени две лица, пронајден пиштол и криумчарена стока
Вчера околу 22.20 часот на локален пат во с. Побожје кон место викано Рамно, од страна на мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е товарно моторно возило "мерцедес спринтер" со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР.
„При извршен преглед на возилото, пронајдени се 110 пакети во кои имало 1.320 кутии со обувки-патики, различна величина и натписи од различни брендови за кои лицата немале соодветна документација. Исто така, при извршениот преглед на возилото пронајден е и пиштол.
Љ.И.(38) од с. Танушевци, скопско и Р.И.(63) од с. Визбегово, скопско се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 и член 396 од Кривичниот законик и истите се спроведени во ПО Мирковци за понатамошна постапка“, стои во соопштението на МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа