(ФОТО) 52-годишна жена на свет ја донесе Јана

 

По долгогодишна битка со неплодноста, на само ден пред големиот празник Василица, 52-годишна мајка на свет ја донесе Јана, по пат на царски рез, со тежина од 2.600 грама, информираа од „Плодност“-Битола.

Во специјалистичката гинеколошко-акушерска приватна болницата „Плодност“ очекуваат наскоро и породување на пациентка на 53-годишна возраст.

-Она што често сме го нагласувале, а постојано се потврдува во пракса, е фактот дека пациентки над 50 години, кои забремениле по пат на инвитро-ИВФ постапките, стануваат мајки и се породуваат во нашата болница, токму како и во овој случај, истакна примариус д-р Таше Трпчевски, шеф на тимот за реализација на ИВФ во „Плодност“-Битола.

Во болницата очекуваат породување и на пациентка на 53-годишна возраст, која исто така забременила по пат на инвитро-фертилизација-ИВФ.

Докажуваме дека упорноста и желбата на мајките да донесат на свет свое новороденче е поголема и посилна од се, а нашиот стручен тим се вложува до максимум, за да ја реализира таа нивна желба, информираа од „Плодност“-Битола.

Во 2022 година во „Плодност“ беа извршени најголем број породувања со на свет донесени 703 бебиња, од нив 24 пара близнаци, 67 родени преку инвитро постапки, а 16 бебиња се родени со постапаката за породување во вода, метода која се изведува само во болница „Плодност“-Битола.

13.01.2023 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега